12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каевски: Зголемените инвестициите од членството во НАТО е силен мотив за заложбите кон ЕУ

Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешки цели на државата, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема.

-Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност особено со она што се случува на тлото на Европа, со руската агресија во Украина. Самата желба на Шведска и Финска да бидат час поскоро во НАТО ги покажува мудрите одлуки што сме ги донеле, рече Каевски.

Тој додаде дека за минатата година имало странски директни инвестиции во вредност од 735,8 милиони евра.

-Тоа е дополнителен мотив за нашите заложби за членство во ЕУ. НАТО ја дава сигурноста, особено во услови какви што имаме во оваа последна година. Ние го исполнивме ветувањето што го дадовме пред граѓаните. Овие три години увидовме дека имаме правилен исчекор, нагласи Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +