7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби на средба со Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Скопје, 27 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка која престојува во официјална посета на Скопје.

На средбата беа оценети континуираниот политички дијалог и општите случувања во билатералните односи меѓу двете земји, кои сега одбележуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи.

Уставните измени и реформи во земјава беа оценети како политички процес за кој е потребна волја и истакнаа дека мора да се обединат сите политички фактори на фронтот за Европа и да го остават политичкиот интерес на страна и да се фокусираат на интересот на државата и граѓаните од Унијата. Процесот на проширување вп Европската Унија е поврзан не само со стабилноста и безбедноста на Балканот, туку и со целиот европски континент.

Груби понатаму ја истакна важноста од реализацијата на инфраструктурните проекти, кои остануваат приоритет на двете земји, но и други работи во енергетската област, железничкото поврзување во рамките на Коридорот 8, како и други договори потпишани меѓу двете влади.

На средбата беше истакнато дека како сојузници во НАТО, Република Северна Македонија и Република Албанија се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, за поактивен придонес во областа на безбедноста во регионот и пошироко.

Притоа, двајцата соговорници разговарале за состојбите во регионот, со посебен осврт на дијалогот Приштина – Белград, по последниот договор во Охрид, случувањата во поширокиот регион, но и руската агресија врз Украина.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК