12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Три години Македонија во НАТО – најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Денеска се одбележуваат три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Во 2020 македонското собрание го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО.

Патот кон зачленувањето на Македонија во НАТО беше тежок и макотрпен. Македонија во 2018-та година мораше да го потпише Преспанскиот договор со кој се стави крај на спорот со Грција, при што се отвори патот кон членството на Македонија во НАТО.

Членството во НАТО донесе безбедност и сигурност на државата но и просперитет и нови можности за развој.

Дека е важно што сме членка на НАТО се покажува и во овој период на руска агресија во Украина.

Денеска властите свечено ја одбележаа третата годишнина од членството на земјата во НАТО.

Во програмата на свеченоста присуствуваа и учествуваше државниот врв на Република Северна Македонија, членови на Владата и на Собранието, највисоките претставници на Армијата, дипломатскиот кор во земјата и многубројни други претставници и делегации од земјата и странство.

На свеченоста се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски истакна: “Горд сум што можам денеска исправено пред вас да се обратам како Премиер на земја која пред три години, токму на денешниот ден – 27 март, оствари една од нејзините стратешки цели – станавме членка на најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО алијансата.

Нашата национална одлука за членство во Алијансата, ги проби бариерите на партиите, религиите и народите, и не’ обедини. Незначајна маргина се оние малкумина кои не се горди на овој наш успех и би сакале други алтернативи. Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за Европската Унија.”

Премиерот Ковачевски се осврна на значењето на НАТО за Северна Македонија но и за регионалното и глобално значење на Алијансата: “Да се биде НАТО, значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот, да се носат одлуките за светската безбедност заедно со најмоќните.

Да се чува нашиот и светскиот мир како дел од воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација. Мир и развој за безмалку една милијарда луѓе, кои живеат во заеднички демократски вредности.

Поразлична перспектива на тоа колку е важна безбедноста и стабилноста ни даде бруталната неиспровоцирана воена инвазија која Русија ја врши врз Украина. Војна за каква мислевме дека европското тло нема повеќе да види.

Оваа војна, со сите свои елементи ја втурна Европа во нова безбедносна, но и енергетска и економска криза, за чие справување, солидарноста и обединетоста на НАТО беа и се уште се клучни. И токму во таа обединетост може да види визијата на сојузништвото, и зошто од оваа криза повторно ќе излеземе посилни, посплотени.”

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање посочи: “Единство и одлучност за мир, за безбедност.

Тоа е пораката под која денеска, сите заедно обединети ќе ја одбележиме годишнината од полноправното членство на Северна Македонија во НАТО – Алијансата – нашата стратешка надворешно-политичка цел цели три децении. Ќе го одбележиме и Денот на НАТО, зошто од 2020-тата година тој ден е и наш ден.

Денеска гордо велиме Ние сме НАТО, зашто знаевме да бидеме храбри, знаевме како нација да донесеме вистински одлуки, кои од оваа перспектива, биле навистина донесени во вистинско време., рече Петровска.

Спонзорирано: