17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Гореа две возила во подземна гаража под зграда во Тафталиџе – Ова се првичните информации

Како што дознава Centar.mk, утрово во 06.57 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во подземна гаража на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар при што биле опожарени патничко возило „форд фокус“ и патничко возило „мазда“, двете со скопски регистарски ознаки.

Според сознанија на Centar.mk, пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според информациите утрово во зградата се случувала вистинска драма, а неколку часа истата останала и без струја. Жителите во зградата поради чадот низ ходниците го напуштиле објектот.

фотографијата е илустративна

Спонзорирано: