Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Од полноќ почнува летната сезона на аеродромите

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната сезона која започнува ноќеска на полноќ.

Како што информираат од ТАВ, Луфтханза од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на Кроација Ерлајнс од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно.

Што се однесува до охридскиот аеродром, авиокомпанијата Ер Сербија ја обновува линијата Белград-Охрид од јуни и ќе има четири лета седмично.

Од денеска на полноќ продолжуваат и вообичаените сезонски летови до туристичките дестинации во Турција и Египет.

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации.

Можеби ќе ве интересира

Драстично поевтинува дизелот, но поскапува бензинот – падна одлука во РКЕ

ДЕСК

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

ДЕСК

Во првото тримесечје од 2026 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.

ДЕСК