Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Од полноќ почнува летната сезона на аеродромите

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната сезона која започнува ноќеска на полноќ.

Како што информираат од ТАВ, Луфтханза од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на Кроација Ерлајнс од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно.

Што се однесува до охридскиот аеродром, авиокомпанијата Ер Сербија ја обновува линијата Белград-Охрид од јуни и ќе има четири лета седмично.

Од денеска на полноќ продолжуваат и вообичаените сезонски летови до туристичките дестинации во Турција и Египет.

Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

C +

Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ДЕСК

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

ДЕСК