23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Македонија

На 22.03.2023 во 17.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода лице (27) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.03.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лице (37) од Куманово. Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

На 22.03.2023 во 22.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници ги лишиле од слобода лице(42) и лице(40), двајцата од Скопје, затоа што кај М.Л. била пронајдена и одземена марихуана, а кај Н.С. била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.03.2023 околу 18.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле лице(38) и лице(40), двајцата од Охрид. При преглед во патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.03.2023 околу 18.50 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишното лице од с.Матејче, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 22.03.2023 околу 12.00 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.03.2023) во населба Гази Баба, Скопје, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Сектор за потраги го лишиле од слобода К.И.(34) од Скопје. Тој бил баран по потерница врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Денеска (23.03.2023) во 10.00 часот, службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од Куманово. При преглед во неговото возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки била пронајдена марихуана, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: