Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, следува пријава против него и лицата кои му помагале

На 20.03.2023 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.03.2023 одзел велосипед од Д.К.(58) од Скопје, при што се стекнал со противправна имотна корист од 105.000 денари.

Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и изјавил дека велосипедот го продал на А.А.Ѓ.(20) од Скопје, а посредувал М.Л.(18) од Скопје, кои знаеле дека е украден. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат изборниот екстерен испит

C +

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

ДЕСК