15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО.

Воедно, претседателот Пендаровски ја проследи проекцијата и на анимираниот филм „Грозомор“според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во рамки на чествувањето на јубилејот претседателот Пендаровски ќе ја посети изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов проследена со перформансот „Треба да бидеме подобри“.

Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“ е во организација на МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија”. Со денешните настани во Париз на Светскиот ден на поезијата – 21 март, покрај чествување на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, се одбележуваат и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.