Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестБИЗНИС

Битиќи: Замрзнувањето цени како мерка е потребна, не може да се креира профит на грбот на граѓаните

Една од клучните цели на Владата е да се подобри благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните во секој еден сегмент, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ Стар.

-Еден од ефектите е граѓаните да не бидат оставени сами и да не го носат сами товарот од кризата. Замрзнувањето на цени не е мерка која ќе видите во нормална пазарна економија. Но, има морални и етички однесувања и во дадени ситуации кога кон твојот потрошувач се однесуваш неморално и неетички и продолжуваш да ги растеш цените, а притоа имаш мерка за субвенционирана електрична енергија, мора да се донесе мерка спротивна од пазарната економија, рече Битиќи.

Тој кажа дека ваквата мерка е потребна зашто сме во период на криза, а понатаму ќе се зборува како ќе се дадат шанси за развој на компаниите.

-Не може јавни средства, пари на граѓаните, да ги користиме за субвенционирање на некој стопанственик, да му креираме профит на грбот на граѓаните. Мора да покажеме општествена одговорност, јас ја викам социјална правда, рече Битиќи.

Според него, утре ќе биде донесена уште една одлука со којашто се шири палетата на продукти со замрзнати цени.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за пензионерите: Оваа наша банка веќе ги исплати пензиите ПРЕДВРЕМЕ! Важни се луѓето!

ДЕСК

Загрижувачки податоци: Над 11 илјади ДДВ обврзници или не поднеле ДДВ пријави или не го платиле данокот кон државата

ДЕСК

Уште три дена шанса за МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА! – Еве зошто од следната недела власта нема да има можност да го корегира минималецот речиси до крајот на годинава

ДЕСК