Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Битиќи: Новата методологија за минималната плата е најголемата победа на работникот

Ова е прва година наназад гледано во којашто ја дефинираме висината на минималната пата без да преговараме, бидејќи таа е утврдена според методологијата со новиот закон, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ Стар. Според него тоа е системско решавање на проблемите, без закани и уцени.

-Конечно не се пазариме и не преговараме за достоинството на работник. Дали е денеска вицепремиер Битиќи или некој друг ќе нема значење, бидејќи ќе нема преговори, тоа е клучно и тоа е најголемата победа на работникот. Ова да се случеше пред 15 години за оваа тема и за миграцијата воопшто немаше да зборуваме. Ова да се случеше пред 15 години сега минималната плата природно ќе се искачеше на 30 илјади денари, рече Битиќи.

Тој додаде дека зголемувањето на минималната плата влијае на зголемувањето на просечната плата која сега е над 34 илјади денари.

-Тенденцијата е сигурна, нагорната линија на зголемување на плати е сигурна, рече Битиќи, додавајќи дека во јуни ќе може веќе да се предвиди колкав ќе биде износот на минималната плата за наредната година.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК