Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

Битиќи: Денеска со сите социјални партнери, седнавме да ги договориме членовите на ОКД со кои сите ќе се согласат, а кои секако ќе ги унапредат работничките права

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи:

Општиот колективен договор треба да даде едно решение, а тоа се правата и условите за работа на вработените во јавниот сектор.

Денеска со сите социјални партнери, седнавме да ги договориме членовите на ОКД со кои сите ќе се согласат, а кои секако ќе ги унапредат работничките права.

Во меѓувреме ќе продолжиме да работиме на креирање на Законот за плати во јавен сектор, кој ќе носи системски решенија за вреднување на трудот и зголемување на продуктивноста.

Но, согласни сме со министерката Јованка Тренчевска дека нашите колеги заслужуваат да бидат соодветно платени и заштитени. Им благодариме што беа трпеливи и солидарни и почекаа на усогласувањето на нивните плати со минималната плата, земајќи ја предвид кризата, но сега е време да се реши и ова прашање, не забораваме никого.

Работна група од сите социјални партнери ќе работи на новиот текст на Општиот колективен договор, за кој ќе дадеме кратки рокови за да биде напишан. Очекуваме продуктивна и ефективна работа на сите и брзо решавање.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ТОКМАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Можно ли е поскапување на дизелот и бензинот од вторник? Нафтата на светските берзи достигна 93 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат во април со илјада денари покачување – за две години пензиите се зголемени четири пати

ДЕСК

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +