Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Борел и Вархеји порачаа дека вратите од ЕУ се отворени и дека не е реалистично да се менува преговарачката рамка

„Да се оди нанапред значи да се продолжи со усвојување и импелентирање реформи кои воведуваат европски стандарди и носат конкретни политички и економски поволности. Да се оди напред значи и подобрување на односите со соседите и да се создаат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. По договорот од јули ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека преговарачката рамка ќе се отвори повторно да се преговара“ изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

На прес-конференцијата со комесарот за проширување, Оливер Вархеји и премиерот Димитар Ковачевски, Борел истакна дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и дека сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека.

Вархеји истакна дека е важно Северна Македонија да не забави на својот пат кон ЕУ, туку да ја забрза својата работа и спроведувањето на реформите.

„Ова се разбира бара вклучување на сите страни – владата, опозицијата, бизинис заедницата, факултетите, граѓанското оптство. Потребно е национално единство за да се оди напред. Ние ќе продолжиме со нашата работа да го забрзаме темпото на преговори. Ние сме подготвени, но ни треба Северна Македонија да направи сличен чекор. За тоа да се случи треба и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на преговорите“ рече Вархеји.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК