Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Борел: ЕУ ќе обезбеди 9 милиони евра за опрема за Армијата на Северна Македонија

„Ќе обезбедиме девет милиони евра поддршка од Европскиот инструмент за мир за надградување на опремата на вооружените сили на Северна Македонија“ истакна високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на прес конференцијата по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација.

Тој додаде дека е задоволен и благодарен што Северна Македонија покажа јасна и неотповиклива поддршка за надворешната политика на ЕУ и конзистентно хармонизирање со позициите и одлуките на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија.

„Ја цениме и важната помош што Северна Македонија ѝ ја обезбеди на Украина. Северна Македонија ги изрази своите стратешки избори на тој начин и има вистинско европско однесување, рефлектирајќи ги нашите принципи и вредности“ рече Борел.

Тој додаде дека Северна Македонија и во претседавањето со ОБСЕ ги брани европските вредности, со што покажува дека е добар партнер за ЕУ.

„Во исто време, оваа позиција ве прави мета на акции на непријателски дејности, на оние кои се противат на меѓународните принципи. Затоа сме посветени да ја изградиме вашата отпорност“ рече Борел.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК