23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шаќири: Потребно е да достигнеме повисоки стандарди во високото образование и научно – истражувачката дејност

Државата има потреба од ажурирање и доследно применување на Стратегијата за образование, што ќе придонесе за квалитетно и современо образование на високообразовните институции и подобрување на научно – истражувачката дејност во земјава. Притоа, заедно треба да се стремиме и кон обезбедување на квалитетен кадар, кој во иднина ќе продолжи да ги имплементира новите стандарди во овие дејности. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на координативниот состанок во организација на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност.

-За да обезбедиме квалитет во високото образование и научно-истражувачката дејност, неопходно е да има добра координација и честа комуникација помеѓу сите учесници во развојот на оваа наша заедничка визија. Мораме да градиме кохерентен однос, за да можеме да го извлечеме максимумот и да се доближуваме кон добрите европски и светски практики и искуства, изјави министерот.

Министерството за образование и наука, рече Шаќири, стои на располагање и како и секогаш сме подготвени да ги разгледаме сите предлози кои вие ги имате за тоа како да го подобриме високото образование во земјава, а со тоа и да го подобриме и рангирањето на нашите високообразовни институции на светските листи.

На состанокот, покрај претседателот на Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност, проф. д-р Тодор Серафимовски, присуствуваа и претседателот на одборот за акредитација проф. д-р Татјана Стојановска Иванова, директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование проф. д-р Агим Рушити, и претседателот на интеруниверзитетската конференција проф. Абдулменаф Беџети и членови на институциите.

Спонзорирано: