Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Битиќи од посетата на компанијата „Глас Флекс“: Задоволен сум кога го гледам успехот на домашни компании кои државата партнерски ги поддржува

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „Глас Флекс“, која функционира во склоп на ТИРЗ Тетово.

При посетата, вицепремиерот Битиќи рече дека е среќен што може да ја сведочи успешната работа и растoт на нашите компании, кои државата партнерски ги поддржува, додавајќи дека ова е потврда дека и домашни компании можат да работат од ТИР зоните.

„Производите од инвестицијата од 5,3 милиони евра, се наменети главно за извоз. Нивниот пласман оди на пазарите во Србија, Албанија, Црна Гора, Холандија и Германија. Силен синџир на соработка со регионалниот но и на европскиот пазар. По посетата на производствените погони можам да потврдам дека тие имаат воведено технолошки најмодерни машини, а планираат и нови дополнителни инвестиции, со план за нова линија за производство на стакло за електроволтаици и лабораторија за испитување на материјали и контрола на квалитет, со дополнителни 3,5 милиони евра инвестиции, и нови работни места“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот информираше дека компанијата „Глас Флекс“ е поддржана од државата која го изедначи третманот за домашните и за странските инвеститори со што ги промовира придобивките кои инвеститорите ќе ги добијат доколку решат да инвестираат во нашата земја.

„На крајот на 2022 година исплативме рекордни 23 милиони евра, државна поддршка кон 410 компании, токму вакви како „Глас Флекс“, компании кои и покрај кризите инвестираат, се развиваат и се стабилни за нивните вработени, кои ги гарантираат нивните работни места и отвораат нови“, рече Битиќи.

Менаџерот на фабриката „Глас Флекс“, Гоце Пешов, изрази голема благодарност до Владата која ги поддржува нудејќи ја својата помош на компаниите во ТИРЗ зоните.

„На состанокот со вицепремиерот ги изразивме нашите ставови, нашите барања од државата како помош која ние е потребна за подобрување на производството и новите иновации, но и новите линии за производство на рамно стакло, бидејќи како што кажа вицепремиерот, ние имаме доста софистицирани машини за производство на стаклото. Претежно сме извозно ориентирани и затоа ни е потреба поддршката и помошта од државата за да го зголемиме производството кон странство, што ќе овозможиме поголем број на вработени во нашата компанија“, изјави Пешов.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе