Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Лога-НДИ

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со вишиот директор на НДИ во нашата земја, Роберт Скот Хејзлет.На средбата се разговараше за процесот на изборна реформа и формирањето на работната група за оваа цел. Министерот Лога се заблагодари за соработката и помошта на НДИ која ќе продолжи и во наредниот период со цел унапредување и демократизација на изборниот процес во земјава.

Лога го информираше Скот Хејзлет за посветеноста. целиот процес да биде инклузивен а решенијата да се носат со консензус ,вклучувајќи ги забелешките и предлозите на политичките партии, експертите и невладините организации. Претставниците на НДИ беа информирани дека на ВМРО-ДПМНЕ им се дава можност да го предложат и претседавачот на работната група.

Можеби ќе ве интересира

„СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА – ВОЗИ ОДГОВОРНО“ – Полицијата и РСБСП со порака до возачите во Струмичко

ДЕСК

СО 2,10 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ЗАД ВОЛАНОТ НА „АУДИ“ – 36-годишник од Ораовица приведен во Радовиш, следува кривична пријава

ДЕСК

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК