Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Бизнис

МЗШВ: Реазлизирани директните плаќања за живинарство, до 35 баратели исплатени се 80,6 милиони денари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира одгледувачите на бројлери и несилки дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР, денес изврши исплата на 80,6 милиони денари кон 35 баратели, директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.

Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле.

Од оваа исплата АФПЗРР ја започнува сеопфатната исплата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството предвидени за сточарското производство. Солгасно годишниот календар, веќе се подготвени и во следните денови се очекува реализација на исплатите и за одгледувачите на говеда, овци, кози, маторици, како и за земјоделските стопанства кои поседуваат пчелни семејства.

Навремено во текот на месец февруари АФПЗРР ги реалзиираше исплатите на субвенциите до 14.830 лозаропроизводители во вредност од 597 милиони денари. Исплатени беа и субвенциите за полјоделските култури во вредност од 422,4 милиони денари до над 24.000 корисници. Реализирана беша исплатата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници до 10.987 корисници за што беа исплатени 214,7 милиони денари.

2023 година е година на нови можности во земјоделството. Година во која е обезбеден најголемиот земјоделски буџет, за навремена исплата на сите субвенции и непречено реалзирање на новите мерки за поддршка на земјоделците.