Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Остварена значителна заштеда на електрична енергија на ниво на МВР во првите два месеца

Остварена значителна заштеда на електрична енергија на ниво на МВР во првите два месеца, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук, статусот го пренесуваме во целост:

Колку за илустрација јануари и февруари:
▶️2021 се потрошени 3.193.402 kw/h
▶️2023 се потрошени 2.599.814 kw/h
▶️Остварена е заштеда од 593.588 kw/h

Добро позиционирана стратегија носи резултати. Продолжуваме со спроведување на мерки и активности кои значат штедење на електрична енергија и вложување на поздрава животна средина. Од руинирани објекти на МВР низ целата држава, до над 80 енергетско ефикасни објекти со работни услови по највисоки стандарди.

Ова раководство на МВР во континуитет ги следи потребите и можностите за наоѓање на нови решенија кои ќе придонесат до рационално користење на електричната енергија и енергенсите, со подобрување на работните услови на вработените во МВР, што за возврат носи бенефит од подобрена безбедност на целото општество.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК