Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во гевгелиско, пронајдени пушка и муниција, приведени две лица

На 13.03.2023, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Регионалниот центар за гранични работи Југ и СВР Струмица – ОВР Гевгелија, во рамки на заедничка и координирана акција за спречување на прекуграничен криминал и со наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претрес во викенд куќи и други простории во с.Ума, гевгелиско, сопственост на М.П.(67) и Б.П.(60), двајцата од Гевгелија.

При претресот, во викенд куќата на Б.П. била пронајдена и одземена една ловечка пушка калибар 12 мм и седум патрони за неа. Двајцата биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Апасиев: Во Србија загинаа 16 луѓе поради корупција, а во Македонија 63 и власта повторно победи – со негласањето им ја оставате државата на клиентелистите

ДЕСК

ДСПДП: Нефункционалните општински совети и недостигот од финансиски средства  остануваат клучни предизвици во превенцијата на детското престапништво

ДЕСК

Мицкоски: Целта е јасна: да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

ДЕСК