30.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Битиќи: И со замрзнатите цени производителите имаат профит

„Идејата на давањето субвенции за компаниите не беше да овозможиме да се зголеми нивниот профит, тоа нема да биде дозволено. Замрзнувањето на цените не значи дека компаниите не генерираат профит, но тој е помал“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој додаде дека дури и во замрзнатата цена на лебот има пресметан профит за компаниите, но тој можеби не е толку висок колку што тие очекуваат.

„Во кризен период сите губат нешто, но добиаат тоа што граѓаните ќе се задоволни и помалку ќе ја почувствуваат кризата“ рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека субвенционираната цена на електричната енергија за прехранбениот сектор имала одреден ефект, но не доволен, поради што владата се одлучила за замрзнување на цените.

„Неморалното и неетичко однесување се коси со основните начела на пазарната економија“ рече Битиќи.