Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонија

(ФОТО) Претрес во радовишко, три лица осомничени дека извршиле повеќе кривични дела

На 02.03.2023, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, инспектори од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, со судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории во село Јаргулица, радовишко, кои се сопственост и ги користат Д.Т.(22), Н.Т.(25) и Б.Т.(44), сите од Радовиш, со престој со с.Јаргулица.

При претресот, во дворот биле затекнати 24 патнички возила, 1 товарно возило, 1 шлеп возило, 3 мотоцикли и 2 каросерии, како и повеќе регистарски таблички. Поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, од Д.Т. биле одземени едно патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, 1.900 евра и 42.000 денари во различни апоени, а од Б.Т. биле одземени 5 словенечки сообраќајни дозволи и 4 договори за купопродажба, кои се однесуваат на возила кои во моментот не биле затекнати во дворното место.

Од Царинската управа на Д.Т. му е издадена Наредба за непостапување со стоки за 6 патнички возила, за кои било утврдено дека ги немаат платено пропишаните давачки согласно Законот за царина, додека од Државниот инспекторат за животна средина биле констатирани неправилности по Законот за управување со отпад, за што е изречена соодветна санкција. Воедно, од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека Д.Т., Н.Т. и Б.Т. во село Јаргулица вршеле трговија со половни моторни возила без да се регистрирани во соодветниот регистар, за што ќе им биде издадено Решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

Тројцата биле повикани во Полициската станица Радовиш и со нив биле извршени службени разговори, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење“ по член 278, „царинска измама“ по член 278-а, „фалсификување исправа“ по член 378, како и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе