Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Митрески: Опозицијата сака инцидент во Собранието, ги деблокираа само законите што се однесуваат за општините

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во ТВ21 кажа дека политичката одлука на ВМРО-ДПМНЕ е да не учествува на координација.

-Уште поголем хендикеп за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е што нивниот претседател Христијан Мицкоски не е пратеник. Мислам дека им требаат консултации на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со него за да можат да носат одлуки, рече Митрески.

Тој додаде дека голем број закони останале голем период блокирани поради однесувањето на опозицијата.

-По две години чекаше во Комисија Законот за отпис на камати на граѓаните и Законот за отпис на камата на јавните претпријатија кон државите, а откако се промени законот и беа вклучени општините, тогаш тие го деблокираа законот. Блокиран е и Законот за солидарен данок, Законот за данок на добивка, има нератификувани договори од „Отворен Балкан“ кои чекаат во Комисијата за надворешна политика, потоа голем број закони за земјоделието. Мислам дека опозицијата сака да се случи инцидент. Некој од мнозинство да започне да претседава со Комисијата која има претседател пратеник од опозицијата, па да започнат турканици со фотелји, рече Митрески.

Пратеникот нагласи дека година и пол бил блокиран Законот за финансирање на локалните патишта, но кога се случила промената на локалната власт истиот ден решението поминало.

-Претседателот на Комисијата, сегашен градоначалник го блокираше законот. Ако локалните патишта се направија пред една и пол година сега ќе се правеа нови патишта. Денеска се фалат тоа, не можам да најдам логика во такво однесување, рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК