Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarЛокалноВо тренд...

Агелер до Герасимовски: Давам силна поддршка за идејата да се формира претпријатие „Енергија Центар“

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше домаќин на амбасадорката на Соединетите Американски Држави Ангела Агелер. При средбата тие разговараа за новоформираното претпријатие „Енергија Центар“, транспарентноста и социјалните проекти во општината, акциите за чистење како и текот на изградбата на новата градинка „Пролет“.

„Општина Центар е прва општина која формира претпријатие за производство и продажба на струја. Преку „Енергија Центар“ општината има олеснителна процедурата и постапка за инсталирање на поголеми фотонапонски системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти под надлежност на општината. Претпријатието има максимална инсталирана моќност од 2.44 мегавати, додека вкупната инвестиција за инсталирање на фотоволтаични системи со максимална инсталирана моќност е околу 1.755.000 евра. Тоа е инвестиција кога се враќа за 4 до 5 години. Сепак ние како локална самоуправа, не можеме одеднаш да го исполниме овој капацитет затоа најпрво фотонапонски централи ќе поставиме во ООУ „Киро Глигоров“, а потоа во крововите на другите училишта и градинки. Преку оваа инвестиција општината ќе заштеди околу 644. 000 евра или 63% на годишно ниво. Во секој случај, станува збор за долгорочна инвестиција, не само за нас туку и за идните генерации“, рече Герасимовски пред Агелер.

Покрај ова Герасимовски зборуваше и за големите акции за чистење, одржувањето на јавната хигиена и заштитата на животната средина, како и високата транспарентност во општината која се должи на отвореноста и директната комуникација со граѓаните.

Амбасадорката Агелер покажа особен интерес за проектите особено на политиките кои општината ги има за намалување на загадувањето и зачувувањето на животната средина. На покана на градоначалникот Герасимовски американската амбасадорка како жител кој живее и работи во Општина Центар ќе биде дел и лично ќе се вклучи во пролетните акции за чистење.

Агелер исто така се запозна и со социјалните проекти во општината кои ги опфаќаат пензионерите, учениците и децата од градинките кои доаѓаат од социјално ранливите семејства. Низата проекти од обезбедување на лични асистенти за учениците и за време на летниот распуст, грижата во домовите на пензионерите, проектот кој треба да започне и е наменет за обезбедување на нега на лицата со Алцхајмерова болест како и месечните хуманитарни пакети. Силна поддршка од амбасадорката Агелер Герасимовски доби и за проектите за пензионери, младите жители на општината и лицата со попреченост.

Герасимовски од Агелер доби пофални зборови и за новата градинка „Пролет“ особено во вклучувањето на инклузивноста во образованието и современите и модерните стандарди за престој на дечињата.

На крај на средбата Герасимовски и Агелер го посетија и младинскиот центар „Матично“ каде во тек е изложба од студентите од петти семестар на тема „Зграда на општинската администрација“. Притоа Герасимовски ја запозна за капиталниот проект за изградба на нова општинска зграда која наместо на цела парцела би била на два ката со подземен паркинг на две нивоа за нови 300 паркинг места.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе