Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да се консултира со „шпицниот-рекетар“ пред да пушта соопштенија за приватните превозници, 01.03.2023

Соопштение на Град Скопје:

Пред да дадат било каков коментар во врска со приватните превозници, од ВМРО-ДПМНЕ би требало да го консултираат „шпицниот-рекетар“ да објасни дали знаел каде одат парите кои се исплаќани на „Слобода Превоз“ каде што директор е Ленин Јовановски и дали се користеле за приватни бизниси токму на личниот пријател на „шпицниот-рекетар“ наместо да се исплаќаат во целост на приватните превозници?

Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да се служи со лаги и со манипулации.

Како што кажаа и превозниците на денешната прес-конференција, градот Скопје нема долг кон нив. Постојат тековни побарувања со ЈСП за кои е договорена нова динамика на исплата, како сите би имале сигурност дека овие пари завршуваат на вистинското место – директно кај превозниците, а не на приватни сметки на пријателот на „шпицниот-рекетар“.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници од петни жили го бранеа приватниот интерес на Ленин Јовановски и „шпицниот рекетар“, никогаш повеќе нема да дозволиме, пари на граѓаните на Скопје да се трошат за лични бизниси и богатење на поединци.

Нема да дозволиме поединци да се богатат со народни пари врз грбот на чесните превозници.

Можеби ќе ве интересира

Орце – таткото на Скопје тргна во акција за чистење на Скопје – десетици камиони за чистење на ѓубре со вклучени ротации прво снимаат спот на паркингот кај “Борис Трајковски” па тргнуваат во 72 часовен поход за остварување на првиот успех!

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив

ДЕСК

Герасимовски додели 82 стипендии до 3500 денари месечно на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар!

ДЕСК