Centar.mk
БИЗНИСвестИЗБОР

ДПИ: Сите инспектори се на терен!

На прашање на 24инфо утрово од Државниот пазарен инспекторат информираат дека сите инспектори низ државата се на терен.

„Во моментов сите инспектори во државата се на терен за утврдување на фактичка состојба и контрола на грамажа и цена на лебот по вчерашната одлука на Владата“ информираат од ДПИ најавувајќи повеќе информации во текот на денот.

Утрово најголемите пекарници не доставија полубел и бел леб откако вчера Владата донесе одлука за замрзнување на цената на овие производи на 33 денари.

Сепак, дел од пекарниците ја почитуваат одлуката на Владата. па во одредени делови на државата денеска можеше да се најде леб по цена од 33 денари.

извор: 24инфо.мк

Можеби ќе ве интересира

Светските цени на храната паднаа по четири години, најголемо поевтинување кај житарките

ДЕСК

ПОСЛЕДНАТА ПРОДАВНИЦА ВО СЕЛОТО СЕ ЗАТВОРА – Што значи кога едно место полека престанува да живее?

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Активисти влегоа на градилиште на „Мајкрософт“ во Амстердам

ДЕСК