15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Проверките завршија, дојавите за бомби се лажни

По завршените проверки утврдено е дека денешните пријави за наводно поставени експлозивни направи во скопските училишта се лажни.

Од МВР информираа дека дојави за бомби имало во 23 средни и 22 основни образовни институции.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од полицијата.

Дојави за бомби имаше и во претходните денови, а наставата на учениците додека траат проверките се одвива онлајн.

Спонзорирано: