18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски им остави отворени врати на пратениците во Владата и упати барање до нив

Премиерот Димитар Ковачевски побара ефикасна дискусија за разрешувањето на замениците-министри во Собранието. Тој посочи дека треба да се гради општество кое е интегрирано во ЕУ. Додаде и: „Додека сум премиер, вратата во Владата ќе остане отворена за секој пратеник“.

„Барам конструктивна и ефикасна дискусија за разрешување на замениците-министри“, посочи Ковачевски.

За дискусија за разрешување на замениците министри, еден од ДУИ и останатите од Алтернатива, ќе продолжи утре. Собранискиот спикер Талат Џафери најави дека се работи по 18 часот, како и денеска.

„Ќе работиме утре подолго. Ќе работиме од 14 часот. И задутре исто така. Тука прекинуваме со работа“, кажа Џафери.

Претходно, Собранието со по 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, ги изгласа новите министри кои доаѓаат од редот на Алијансата на Албанците, но и министерката од СДСМ која презема еден ресор.

Спонзорирано: