Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Нови откази во „Твитер“, меѓу отпуштените е и директорката која спиеше на работа

„Твитер“ отпушти повеќе вработени во осмиот круг отпуштања откако Илон Маск ја купи социјалната мрежа минатиот октомври.

„Њујорк тајмс“ наведува дека станува збор за 200 работници, што е 10 отсто од преостанатите 2.000 вработени, додека порталот „Информејшн“ пишува за бројка од „најмалку 50 отпуштања“.

Отказите ги погодуваат инженерските тимови, вклучително и оние кои ја одржуваат технологијата за рекламирање, главната апликација на „Твитер“ и техничката инфраструктура.

Меѓу отпуштените е и лојалната дуректорка за управување со производи Естер Крафорд, како и основачите на помалите компании купени од Твитер пред преземањето на Маск.

Компанијата отпушти околу 3.700 работници на почетокот на ноември како дел од мерките на Маск за намалување на трошоците. Бројот на вработени во „Твитер“ е намален за околу 75 отсто од октомври, а сега ги има околу 2.000.

Маск во ноември изјави дека социјалната мрежа забележува „голем пад на приходите“ бидејќи огласувачите се повлекуваат поради сомневањата за квалитетот на уредувањето на содржината на социјалната мрежа.

Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари и веднаш им ги подели првите откази на претходните директори.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +