Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

МВР постапува против домашните заканувачи со бомби: Странските тероризираат голем број земји од источниот дел на Европа, вклучувајќи ја и нашата

Лажните закани за бомби веќе повеќе месеци се неизбежна тема, неизвесноста и стравот кај населението се уште трае, особено, помеѓу учениците и нивните родители, кои и покрај сите напори децата да останат и да посетуваат редовна настава, се почесто морат да ги напуштат ученичките клупи.

Од Министерствто за внатрешни работи за Бриф.мк велат дека „овој начин на хибридни закани, со кој е нападнат поголем број на земји до источниот дел на Европа, не ја заобиколува и нашата земја. Иако досега сите пријави се утврдени како лажни, сепак со начинот на делување, обемот, како и целта да се создаде чувство на несигурност и страв, се добива впечаток дека се работи за тероризам“, но има и такви кои ја користат приликата и за свои цели.

„Заканите најчесто доаѓаат од странски VPN адреси. Мора да кажеме дека во овој организиран хибриден напад, се јавуваат и други лица кои поради лични интереси, наивност и други побуди влетуваат во овој систем, но досега сите вакви активности од наша страна се откриени и против лицата се поднесени соодветни кривични пројави, по кои постапува ОЈО ГОКК“, посочуваат од МВР.

Досега цели на бомбите беа институции, училишта, трговски центри, аеродромот во Скопје и други места каде што вообичаено циркулираат поголема група на луѓе, а нема пријави каде што заканите конкретно се упатени кој посебни индивидуи.

„Досега во овој период од 6 месеци колку трае овој хибриден напад, немаме сознание ниту пријава од некој граѓанин дека добил лична закана од ваков тип“, велат од МРВ.

Но, заканите со бомби, кон институциите и училиштата, се само дел од сето тоа што се случува на социјалните мрежи или платформите за комуникација. Сите овие закани потребно е да се пријават за да може да се постапува по нив.

„Секторот за Компјутерски криминал и Дигитална Форензика – Одделението за истраги за компјутерски криминал, постапува за закани на социјалните мрежи согласно член 144 став 4 „Загрозување на Сигурноста“ преку информатички систем од Кривичен Закон на РСМ. Во врска со ова кривично дело, потребно е најпрво да се извести Надлежното Јавно Обвинителство, и за профилот од каде се добиваат заканите е потребно да се издаде Барање за доставување на податоци од страна на Надлежното Јавно Обвинителство до Социјалната мрежа од каде се добиваат заканите“, посочуваат од МВР.

Тие потоа ги контактираат одговорните на посочените социјални мрежи и со извесување од Надлежниот јавен обвинител се бара Барање за доставување на податоци до Интернет Сервис Провајдерот, доколку ИП адресата е од Република Северна Македонија.

На тој начин секоја закана упатена од ИП адреса од Македонија може да биде процесуирана и во нашиот судски систем.

Во случај кога профилот не е креиран од нашата држава и е на друга јурисдикција, за да се добијат такви податоци е потребно да се побара Меѓународна Правна Помош која се бара преку Министерството за Правда.

„Ваков вид на закани може да се пријават во Отсеците за Компјутерски Криминал кои ги има во сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатешни работи, како и во Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, или на емаилот на Секторот за Компјутерски криминал и Дигитална Форензика“, препорачуваат од МВР.

МВР експресно ги фати домашните заканувачи

Досега Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапил по четири кривични предмети.

Едниот од нив е малолетник од Скопје, кој го признал делото.

„На 05.12.2022 против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик. Тој во службен разговор го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело“, соопшти МВР.

Втората кривична пријава е исто така против малолетник, кој пријавил лажна закана за бомба во Кавадарци.

„На 23.12.2022 поднесена е кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци, за сторено кривично дело „Тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик“, соопштија од МВР.

Третата кривична пријава е против возрасен човек од Тетово, кој лажно пријавил бомби во Делчево.

„На 28.12.2022 поднесена е кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово осомничен за сторено кривично дело „тероризам“, извршено на 17.12.2022 при што од мобилен телефон, се јавил во ОВР Делчево, лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби“, наведоа од МВР.

Досега има кривична пријава и против против лажна закана за бомба за група малолетници од Прилеп.

„На 17.01.2023 СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи поднесе Известување до Основното јавно обвинителство Прилеп, поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик, против малолетници кои на 16.02.2023 телефонски пријавиле дека во училиште во с.Житоше има поставено бомба“, наведоа од МВР.

Анета Тасова

извор: Бриф.мк

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе