Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Таравари: Владина поддршка за општините за подобар и подостоинствен живот за сите наши граѓани

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска во Гостивар оствари кратка средба со градоначалникот на општината, Арбен Таравари.

Премиерот и градоначалникот говореа за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар и за важноста на поддршката што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

Беше наведено дека Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско изедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите, без разлика каде живеат.

Ковачевски и Таравари на состанокот уште еднаш ги потврдија заложбите за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии, кои се за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Ковачевски истакна дека за Владата е најважно да обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани бидејќи тие заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Какво ќе биде времето на новогодишната ноќ?

ДЕСК

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК