15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костовски: Мицкоски да каже како професор може да има хациенда од 1 милион евра?

Димитар Ковачевски неколку пати ве победи со мнозинството, Димитар Ковачевски ве победи со францускиот предлог, Димитар Ковачевски ве победи во Маврово и Ростуше, Димитар Ковачевски допрва ќе го победува ВМРО-ДПМНЕ, порача од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

Костовски ги запраша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зошто се уште се заложници на Христијан Мицкоски, кој на прес конференции, во изјави во емисии, во нивните месни комитети и одбори се претставува како голем комита, како голем Македонец, дека ништо нема да даде, а од друга страна, секој ден во амбасади, ветува дека доколку му се даде власт во првите 100 дена ќе го смени уставот и ќе ги внесе Бугарите.

Дали Христијан Мицкоски ќе одговои за вилата од милион евра? Дали е таа вила на неговиот зет? Како се стекнал со такво богатство? Нели во едно интервју кажа дека и него го погодила инфлацијата, дека живее со професорска плата? Па како професорот може да има хациенда од еден милион евра, запраша Костовски.

Пратеникот Костовски додаде дека Христијан Мицкоски врши притисок за истрагата за случајот „делчевски ниви“.

https://www.youtube.com/watch?v=zgdg1EKTu7Y+

Спонзорирано: