Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Колева: Мицкоски да каже дали од професорска плата или од хидроцентрали се стекнува имот од милиони евра

Од каде средства професор на факултет да има имоти во Скопје, Охрид и во Црна Гора, а притоа да работи и да зема професорска плата? Дали од хидроцентрали или од професорска плата, праша пратеничката на СДСМ, Даниела Колева, денеска од собраниската говорница.

„Претседателите на СДСМ работат за државата, поранешниот ја внесе земјата во НАТО, актуелниот, Ковачевски, ја внесува во ЕУ. Но, што направиле претседателите на ВМРО-ДПМНЕ? Едниот, што работи кај татко му, а вториот што побегна? Од каде средства професор на факултет да има имоти во Скопје, Охрид и во Црна Гора? Или куќа од 1 милион евра? А притоа да работи и да зема професорска плата?“, рече Колева.

Колева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е насилничко-криминалистичко здружение, кое 10 години ја распарчуваше државата.

„12 милиони евра моментно оваа Влада им дава пари на студентите за субвенциониран студентски оброк. 80 милиони евра оваа Влада им ги дава на граѓаните за поврат на ДДВ. 40 милиони евра оваа Влада на СДСМ им ги дава на стечајните работници и на примателите на социјална пензија. Овие пари во време на ВМРО-ДПМНЕ за што ги користеле?“, праша Колева.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +