Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

МВР со детали за трагедијата во Илинден – Почина малолетничка на возраст од 14 години

На 25.02.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка. По извршениот увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител утврдено е дека малолетничка која таму била уште со двајца малолетници, се качила на кровот на цистерната која се наоѓала на железничката пруга, при што настанал струен удар.

На местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК