Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 206 возачи во Скопје: 59 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +