Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Османи ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк и Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, на една година од руската инвазија врз Украина, ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“.

Обраќањето доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН каде Османи упати силна осуда за воената агресија на Руската Федерација врз Украина и каде со 141 глас „за“ се усвои Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина.

Повод од навршувањето една година од инвазијата на Руската Федерација врз Украина е и неговото денешно обраќање пред Постојаниот совет во Виена, каде како Претседавач со ОБСЕ ќе се приклучи преку видео линк. Во своето обраќање, тој ќе се осврне на цивилните страдања во изминатите 12 месеци и ќе ја повика Руската Федерација да ги повлече своите воени сили од Украина и да се придржува на принципите и вредностите на ОБСЕ.

Воедно, во својство на Претседавач со ОБСЕ, тој и вчера преку видео обраќање се обрати во Виена на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ. Во својот говор тој уште еднаш потсети дека овој состанок доаѓа во многу тешки моменти за целата европска безбедносна архитектура, како и за самата Организација, повикувајќи ги земјите-учеснички да ја задржат вербата во ОБСЕ, да ја поттикнат политичката волја и да ѝ овозможат на Организацијата да го продолжи својот уникатен мандат.

Во текот на денот Османи исто така во Њујорк оствари средба и со Потсекретарката на ООН за политички и мировни прашања, Розмари А. Ди Карло, како и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Естонија и Унгарија.

На средбата со Ди Карло Османи уште еднаш ја повтори пораката дека дипломатијата е единствено решение за вознемирувачките случувања на теренот, но разговараа и за зајакнување на улогата на Обединетите нации во справувањето со глобалните предизвици.

„ОН е еден од најблиските партнери на ОБСЕ уште од 1993 година, со потпишување на Рамката за соработка и координација. На нашата заедничка агенда, меѓу другото, е и решавање на конфликтите и градење на мирот. Во сегашните околности, свесни сме дека постои континуирана потреба за справување со долготрајните конфликти низ регионот на ОБСЕ, и како Претседавач во 2023 г., Северна Македонија согласно своите приоритети ќе се обиде да најде решение, избегнувајќи дополнителни ескалации“, истакна Османи на средбата со Ди Карло.

За време на разговорот со Потсекретарката на ОН, тој се осврна и на континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија, за кој рече дека придонесува за зајакнување на нашиот капацитет во клучните сектори со цел да се исполнат барањата за пристапување во ЕУ: реформите во областа на доброто владеење, борбата против корупцијата, реформите на судството, како и зајакнувањето на социјалната кохезија.

На средбата со министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, Османи зборуваше за зајакнувањето на односите меѓу двете земји и продолжување на Трилатералниот проект во областа на дигитализацијата за спроведување на естонското искуство во дигиталната трансформација во Северна Македонија.

Фокус на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто пак, беше унгарската поддршка во нашиот евроинегративен процес, со кого меѓу другото, се осврнаа и на динамичната економска соработка меѓу земјите во поглед на енергијата, земјоделството, водостопанството, образованието, науката и технологијата, туризмот, како и климатските промени.

Билатералните средби на Османи во Њујорк продолжуваат и денес, додека пак на 25-ти февруари се очекуваат средби со дијаспората.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе