Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Митрески: Ја разбирам нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ, немаат ниту мнозинство ниту избори

Во процедурално обраќање, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека тој лично ја разбира нивната нервоза, затоа што се што најавуваа на крајот не им успеа.

„За крајот на февруари најавивте ново мнозинство, но на крајот се случи спротивното и сега сте нервозни“ порача Митрески.

Пратеникот Митрески повика на смиреност кај пратениците.

„Кога ќе се спомнуваат зборови како пион, кога ќе се спомнуваат сопруги и деца, не знам како очекувате да ви биде одговорено. И како што се силите по ходници кој кому што кажал и како го анвредил, очекувам да се силите и овде на говорница, а не да бидете најголеми плачковци кога се кажува вистината“ порача Митрески.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК