8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е во заложништво на Левица и како да има синдром на напуштена љубовница

ВМРО-ДПМНЕ заради своите популистички и антизападни политики е се повеќе она што наликува на заложник на политичката партија Левица и секое утро се натпреварувате кој ќе има повеќе националистички и популистички изјави во десниот спектар од гласачкото тело, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашната собраниска седица, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има синдром на „напуштена љубовница“.

„Кога имате јасна програма за интеграција на државата во ЕУ, кога имате јасна програма за членство во НАТО, кога имате јасно единство со коалициските партнери за одобрување на преговарачка рамка што вие од ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржавте, кога имате јасна согласност од коалициските партнери за потпишување на договорот за Фронтеск на македонски јазик кој што вие исто така не го гласавте, тука станува јасно дека не е некој некому заложник, туку дека тие имаат исти програмски определби“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски се осврна на периодот од неговото експозе во Собранието како мандатар, па се до денес, набројувајќи ги сите реализирани цели.

„Денес имаме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, обезбедена електрична енергија, обезбедено парно, највисоки субвенции и откупни цени на сите земјоделски производи и ниту еден протест на земјоделците“ посочи Ковачевски во Собранието.