23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Каевски: СДСМ го оствари ветувањето – просечна плата над 34.000 денари, една и пол година пред предвидениот рок

СДСМ денеска оствари клучно ветувања од програмата за парламентарните избори во 2020 година. Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што 14,8 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2021 година. Со ова една и пол година порано од предвиденото се остварува ветувањето на СДСМ и коалицијата за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, односно до јули 2024 година, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Каевски истакна дека преку одговорни и ефикасни економски политики и во време на светска економска криза успеавме да ги зачуваме работните места и да отвориме нови, а платите да растат постојано.

Минималната плата во март минатата година ја покачивме на 18.000 денари, а веќе во март оваа година таа ќе изнесува 20.200 денари, што е предвремено остварување на уште едно ветување на СДСМ за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот. За СДСМ, зборот останува збор, она што го ветуваме пред граѓаните и го остваруваме.

Сето ова за нас е мотив да продолжиме со реализација на мерките и политиките во програмата, рече Каевски.