На 19.10.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишник од Скопје и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од 49-годишник од с.Јаргулица, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


