11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Над 17 милиони евра кај земјоделците за само една недела

Во еден ден, на сметките на околу 24.000 земјоделци кои одгледуваат житни култури, исплатени се близу седум милиони евра основни субвенции,соопшти СДСМ.

„ Со ова, се стимулираат над 100.000 хектари земјоделска површина со поледелско производство. За 2023 година, владата предводена од СДСМ издвои над 200 милиони евра наменета за директна помош и инвестиции во земјоделството.

Минатата недела, во пресрет на празникот Свети Трифун беа исплатени близу 10 милиони евра кон 15.000 лозари. Тоа значи дека за само една недела кон земјоделците се исплатени 17 милиони евра директна поддршка за зголемено и поквалитетно домашно земјоделско производство.

Како одговорна партија, СДСМ останува да биде искрен партнер на земјоделците и заедно со нив да креира мерки и политики што го унапредуваат домашното земјоделство“ се вели во партиското соопштение.

Спонзорирано: