Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи во посета на Турција, како претседавач на ОБСЕ

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи денеска ќе ја посети Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид

За време на посетата претседавачот Османи ќе се сретне со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните. Посетата на Претседавачот со ОБСЕ, Османи е во насока на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК