Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Германските компании до крајот на годината поради војната ќе загубат 160 милијарди евра

Руската инвазија на Украина резултираше со значителни финансиски загуби за германските компании, а се проценува дека до крајот на 2023 година нивната вкупна загуба ќе изнесува 160 милијарди евра, изјави претседателот на Германското здружение на индустриски и трговски комори (ДИХК), Питер Адријан.

Во интервју за весникот „Рајнише пост“, тој оцени дека падот на германскиот бруто домашен производ од почетокот на војната до крајот на оваа година изнесува околу четири отсто. Тоа значи дека се произведени 160 милијарди евра помалку, што е околу 2.000 евра по жител“, вели Адријан.

Многу компании се под силен притисок од ненадејните скокови на трошоците за гас и електрична енергија и тоа продолжува. Адријан ја повтори честата поплака од германската економија дека релативно високите домашни цени на енергијата и штетат на конкуренцијата во странство.

ДИХК предвидува дека германскиот БДП ќе стагнира оваа година, што би било подобрување во однос на есенската проценка дека ќе падне за три проценти.

Според официјалните податоци, германската економија лани пораснала за 1,8 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Индустриското производство во јуни 2025 година е зголемено за само 0.5 % во однос на јуни 2024 година

ДЕСК

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %

ДЕСК

Дурмиши: Го враќаме инклузивниот дијалог и поставуваме реална основа за социјални и економскиполитики

ДЕСК