14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Единицата за брзо распоредување во заедничка обука на Посебната полициска единица на Црна Гора

Во Центарот за обука на Секторот на посебните полициски единици во подгоричката населба Златица од 13 до 22 февруари се одржува заедничка обука на припадници на Посебните полициски единици (ПЈП) од Црна Гора и Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на македонската полиција, од областа на воспоставување и одржување на јавниот ред мир за време на нереди и демонстрации од поголеми размери.

„Земајќи го предвид искуството на Единицата за брзо распоредување во наведената област, целта на обуката е размена на искуства помеѓу двете единици како понатамошно засилување на вкупните капацитети и нивоа на обученост на Посебните единици во извршувањето на наменските задачи“, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Посебните полициски единици на Црна Гора заедно со припадниците на ЕБР вежбаат различни оперативно-тактички постапки и формациски делувања на полицијата при воспоставување и одржување на јавниот ред и мир за време на поголеми нереди, обезбедување на јавни собири и спортски манифестации од висок безбедносен ризик.

Од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора потенцираат дека земајќи ја предвид важноста на процесот на обучување и унапредување на тактиките на специјалните единици на полицијата, во одговор на различни кризни ситуации, соработката со Единицата за брзо распоредување на македонската полиција е во насока на реализација на определбата за континуирана соработка со најреномираните регионални и светски единици на полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Се одбележуваат Еразмус денови 2025, Националната агенција доби средства од ЕУ за финансирање на проекти за мобилност

ДЕСК

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Исени од 23. Регионален состанок на Мрежата на експерти за огнено оружје од Југоисточна Европа: Преку континуирана дигитализација на административните процеси до модернизација на системите за контрола и надзор

ДЕСК

Уставниот суд организираше тркалезна маса за клучните елементи на Нацрт-закон за Судот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.