Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ужас во Велес: Од зад грб ограбил жена и ја удрил по очите кршејќи и ги наочарите – заминал со плен од 300 денари и 20 евра

Како што соопшти Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец под сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, велт од ЈОРМ.

Имено на 17 февруари годинава, кај местото викано „Сточно пазариште“, осомничениот се приближил од зад грб на една жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече, се вели во соопштението и се додава:

Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја. Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетената или да го повтори делото, велат од ЈОРМ.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК