13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и ја блокираат работата на Собранието

Сите пратеници во Собранието имаат мандат добиен од граѓаните да решваат и носат одлуки важни за граѓаните и државата, вклучително и за Уставот. Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваат довербата од граѓаните и свесно и намерно ја блокираат и опструираат работата на Собранието е нивна одлука која граѓаните ќе ја ценат и соодветно казнат, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во 2014 немаше во својата Програма, но 2014 отвори расправа за измени во Уставот за да воведе зони на слободна трговија таканаречен „даночен рај“ на територија на државата. ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година, во зенитот на својот режим на мала врата се обиде да го измени Уставот, а денеска кога предвидените уставни измени носат придобивки за граѓаните и го забрзуваат процесот на евроинтеграција се противи со неосновани приговори“, велат тие.

Според нив, партија предводена од Христијан Мицкоски одново се става на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +