Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Се окрупнува владината коалиција и бројот на сили во Собранието кои ја следат европската агенда

„Не се согласувам дека владината коалиција е на стаклени нозе, напротив гледаме окрупнување. Поентата на сето ова значи дека има поголем број на сили во рамки на Собранието кои ја гледаат и следат европската агенда“ рече заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во „10 минути“ на ТВ21.

Таа додаде дека тоа е основата и заложба на Владата предводена од СДСМ и кон тоа треба да се стремат сите.

„Верувам дека има и одредени сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе застанат заедно со нас на европскиот пат. Секогаш кога се носат крупни одлуки, наидуваме на пречки на патот, но навикати сме дека крупните, државотворни одлуки, го имаме бенефитот да ги носиме ние“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека иако Алтернатива и Демократски сојуз излегуваат од владината коалиција, тие се уште остануваат под тој плашт на европската агенда.

Можеби ќе ве интересира

Скопски полицаец уапсен за изнуда

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУД СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Синоптичарите со нови најави за предновогодишните денови

ДЕСК

Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури

C +