Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Е-фактура, новина на УЈП за модернизација и намалување на фиктивни фактури

„Е-фактура“ е проект со кој УЈП ќе прави модернизација на процесот на факутрирање за компаниите и бизнисите и со кој ќе се бори против сивата економија со намалување на бројот на фиктивни фактури.

Ова го најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во нејзиното гостување во „10 минути“ на ТВ21.

„Идната година започнуваме со имплементација на проектот за ‘е-фактура’. Со оваа фактура ќе се намали можноста за фиктивни фактури и ќе овозможиме дигитализација за компаниите при доставувањето, приемот и обработка бидејќи се ќе оди електронски“ рече Лукаревска.

Таа кажа дека во понеделник претставници од УЈП ќе одат во Србија, каде што од тамошната даночна управа ќе ги слушнат искуствата од нивното имплементирање на овој проект, бидејќи таму веќе носи резултати.

„Веќе сме влезени во фаза на имплементација и во моментов ги подготвуваме софтверските и хардверските решенија. Скамае да го направиме процесот да оди побрзо, за да може да се испрати тест верзија до сите чинители во бизнис заедницата, за да спречиме идни грешки“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

ДЕСК

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси

ДЕСК

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

ДЕСК