26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
.БИЗНИС

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 30.01 до 12.02.2023 година година има извршено над 1100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 30.01 до 12.02.2023 година година има извршено над 1100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат издадени се над 150 прекршочни платни налози со вредност над 5 и пол милиони денари, од кои:
• 45 прекршочни платни налози по Закон за трговија
• 16 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
• 16 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
• 2 прекршочени платни налози по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност
• 3 прекршочни платни налози по Закон за метерологија
• 79 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
• 2 прекршочни платни налози по Закон за заштита на потрошувачи

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување однајвисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира согласно Законот за трговија.

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени 38 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување на Одлуката.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.