Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Дерала: Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

По повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во своето обраќање му честиташе на избраниот почесен конзул Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.

Дерала истакна дека по една година руска агресија против Украина, украинскиот народ сè уште е мета на болка, страдање и смрт.

„Изминува една година од руската брутална воена агресија против Украина. Од првиот час на рашистичкиот поход против независна, суверена и демократска Украина, цивилите – жени, деца и стари – се жртви на руската злосторничка солдатеска и платенички банди составена од ноторни криминалци. И додека говориме овде, Украина е мета на рускиот ракетен терор.

Светската супер сила трпи понижувачки порази на бојното поле од десет пати послабо вооружената но херојска одбрана на Украина. Понижувањата на фронтовите, агресорите ги „компензираат“ со уништување на цивилната инфраструктура, приватните домови, училишта, болници, културни установи – прават сѐ што може да предизвика болка, страдање и смрт.

Светот е восхитен и инспириран од хероизмот на Украина. Од првиот ден, борбата на храбрите Украинци и Украинки за слобода е и борба за слобода на целиот свет. Тоа е незаборавна жртва човечката цивилизација. Затоа слободниот свет поита да ѝ помогне на Украина. Со тоа, се чува слободата и демократијата на целиот свет. Тоа е и обврска на меѓународната заедница. Империјалистичките амбиции на Путин се закана за целиот свет и се во директна спротивност со основите на меѓународното право и повелбата на ОН“, изјави Дерала.

Сепак, како што нагласи Дерала, хероизмот на украинскиот народ се гледа на секој чекор, а денешниот настан е уште еден доказа за нескрѓливоста на духот на Украина.

„Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите.

Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее! Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот.

Оттаму, денешниот настан, претставува уште еден доказ за нескршливиот дух на Украина, за тоа дека Државата живее и дека ќе биде силна, дека ќе се развива и ќе биде гордост на своите граѓанки и граѓани и на сите слободољубиви луѓе во светот“, додаде Дерала.

на крајот на своето обраќање, Дерала нагалси дека македонското општество и државата застанаа на страната на слободата уште од првиот ден давајќи ја својата поддршка за Украина.

извор Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе